Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со тврдењата дека ФИФА му ги изменала гласовите за најдобар тренер го потресе целиот свет. Сите спортски медиуми во светот пишеа за него, а кога прашината легна Жозе Мурињо го поздрави и пофали Пандев за храброста.

– Морам да го пофалам и поздравам Горан Пандев за храброста да излезе со таков став против една таква голема фудбалска куќа. Тој беше решителен и конкретен во истакнувањето на јавното мислење. Ретко кој фудбалер може да направи ваков потег, затоа Пандев ти благодарам – рече Мурињо.

Горан Пандев својот блесок во фудбалската кариера го доживеа токму под палката на португалскиот стратег кога го донесе во Интер и заедно со останатите фудбалери измаршираа до тројната круна.

Мх.П.