Управата на клубот на Реал Мадрид заедно со тренерот Жозе Мурињо побараа финалето во “кралскиот куп“ да се игра на Ноу Камп. За златното одличје ќе се борат градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико.


По елиминацијата на Барселона во 1/2 финалето португалскиот стратег подготви серија провокации. Не се појави на пресот после завршување на мечот, а и предвреме го напушти Ноу Камп.

Мурињо образложил дека барањето е да видат навивачите на Барселона, кои екипи играат најдобар фудбал во Шпанија. Финалето во Копа дел Реј се игра на 18 мај.

Мх.П.