Шпанските медиуми пренесуваат дека три имиња фигурираат за голман на „кралскиот клуб“, прв пик на тренерот Мурињо е Бразилецот Жулио Цезар, со кого Португалецот соработуваше во Интер, кога италијанскиот клуб ја освои тројната круна.
Цезар, на почетокот на сезоната, го напушти Интер и се пресели во Премиер лигата, во редовите на Квинс Парк Ренџерс.
Според истите извори, интересни за Реал се и голманите на Борусија Менхенгладбах, Тер Штеген, односно Удинезе, Жељко Бркиќ.