Чави Хернандез, фудбалерот за врска во екиата на Барселона на мечот со ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на Шампиони немаше ниту едно погрешно додавање.


Да се биде толку прецизен во овој модерен фудбал е големо достигнување, но на пресконференцијата на Реал Мадрид еден новинар го запрашал Жозе Мурињо за достигнувањето на Чави. Тој во свој препознатлив стил рекол : “Драги мои секогаш го говорам истото, ќе го повторам и сега фудбалот се игра за голови, а не за бескрајни додавања. За да победиш мораш да постигнеш погодок“.

Ако среќата во во ждрепката се насмевне на  шпанските преставници тие можат да се сретнат во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони, што ќе преставува “финале пред финалето“.

Мх.П.