Прекрасно музичко доживување донесе 4-то издание на Етно фестивалот Охрид 2025, што се одржа синоќа на летната сцена Долни сарај, во рамки на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Голема уметница Андријана Јаневска и музичките виртуози Мите Димовски – Митан, Дамир Имери, Александар Јовевски, Илија Филиповски и Благојче Трајковски имаа маестрална вечер во Охрид, со уникатна изведба на познати охридски и македонски рефрени кои разбудија многу емоции кај присутната публика.

Етно фестивалот Охрид кој е пријатно освеживање во културната понуда на градот, се одржа во организација на Здружението “Арт пријатели” од Охрид со поддршка на Општина Охрид.

Во рамки на фестивалот се одржа и изложба на фотографии и ревија на носии од “Љубаништа до Дебар” од авторот Љупчо Милошески.

Г.М.

Фото: Нина Кепеска