Охридскиот камерен оркестар на 17 март, вторник, во малата сала на НЦУК „Григор Прличев“, ќе одржи хуманитарен концерт „Охрид знае што е љубов“ – Омаж за Григор Копров.
Влезот е слободен, но ќе бидат поставени кутии за донирање, а средствата ќе бидат наменети за лекување на малата Ева, соопштија организаторите.

На концертот ќе учествуваат: Проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мацкоски, и вокалните солисти: Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Веслиевски.
Концертот почнува во 19:30 часот.












