Во овие исклучително тешки времиња доаѓа и по некоја убава вест која овој пат е поврзана со авторската музика на Владимир Четкар.

Според последниот извештај на фондацијата BMI (Broadcast Music Incorporated) во последните 4 месеци авторската музика на Владимир Четкар се емитувала во радискиот етер во 10 земји надвор од Македонија и тоа во: Јапонија, Унгарија, Италија, Тајланд, Израел, Англија, Белгија, Холандија, Србија и САД.

Константниот интернационален успех кој овој македонски автор, гитарист, вокалист, композитор, аранжер и продуцент го бележи со своето присуство на интернационални радио станици и престижни џез фестивали и музички клубови ширум светот е од особена важност како за неговата кариера така и за промоцијата на Македонија. – велат од тимот на Владимир Четкар.

Истовремено деновиве Четкар заедно со продукцијата „Digital Box“ работи на својот најнов музички спот за композицијата „I Remember“ која беше дел од вториот студиски албум. Спотот ќе биде готов и промовиран во текот на следната недела.

„I Remember“ е песна која евоцира спомени на љубовта, на животните патешествија и авантури. Спомени кои на сите нас секојдневно ни помагаат психички да ја пребродиме оваа пандемија веќе скоро година дена.

OhridNews