Од рацете на македонскиот репрезентативец Перо Антиќ наградата за МВП заврши во рацете на капитенот Ефтим Богоев за кого ова беше прв триумф, откако беше поразен во изминатите две финалиња во дресот на Струмица.


– Пресреќен сум. Патот до триумфот не одведе по потешкиот пат. Но некогаш послатко е кога нештото ќе го направиш по потешкиот пат. Посакувавав и ми се насмевна третата среќа. Благодарност до верната публика која ни даде голема поддршка, рече Богоев.
М.П.