Во рамките на активностите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на Законот за јавна чистота во периодот од 22 септември 2008 година до 09 јануари годинава се издадени 20.153 платни налози, како и 8.544 записници за општокорисна работа. Од вкупниот број прекршители околу 90 проценти се на возраст над 18 години, додека пак прекршоците во најголем дек се извршени на јавна површина – 19.631. Исто така, во посочениот период се изречени и прекршочни санкции против 106 правни лица.

Најмногу платни налози, 7.159 се издадени од страна на СВР-Скопје. Во Охрид бројот на патни налози во овој период достигна 1.989.

Инаку,од почетокот на годинава до вчера, од страна на полициските службеници беа издадени вкупно 519 платни налози, при што на 172 граѓани по нивно барање им беа изготвени записници за општокорисна работа. Околу 90 проценти од вкупниот број прекршители се сторителите на возраст од над 18 години, а прекршоците во најголем дел се извршени на јавна површина – 512 прекршоци.

Врз основа на направените согледувања, најголем дел од откриените прекршоци во изминатите неколку месеци се согласно член 31 в.в. со член 14, а се однесуваат на следните недозволени активности:фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање на хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена, продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи,паркирање на возила на растојание до десет метри од контејнер и други садови за собирање смет и оставање на товарни возила освен на места определени за таа намена, како и фрлање и оставање на смет на отворени простори на јавни објекти надвор од места определени за ваква намена.

За одбележување е и податокот дека во периодот од започнувањето на интензивните снежни врнежи низ државава заклучно со 08.01 изречени се и прекршочни санкции по основ на член 37 в.в. со член 22 став 1, односно за неисчистени јавни површини од снежни наноси, во 37 случаи, при што во 22 случаи тоа се однесува на лица сопственици на објекти, додека во 15 случаи тие се однесуваат на правни лица. Исто така, прекршочни санкции се изречени и против 40  правни лица, најчесто за фрлање и оставење на отпадоци од градежен материјал, превоз на песок и слични материјали без претходна подготовка и нивна заштита, мешање на бетон и малтер надвор од места определени од општината  и сл.

Досега по Законот за јавна чистота, се поднесени 3.871 барања за поведување на прекршочна постапка, од кои 368 на подрачјето на Охрид.

извор:МВР