Министерството за внатрешни работи ги заврши крим техничките вештачења на возилото на новинарот и сопственик на Фокус Никола Младенов, а Институт за судска медицина вчера, го испратиле до судот својот извештај за причините за смртта на Младенов кој минатата недела загина во тешка сообраќајка на патот Велес – Скопје кај клучката кај Хиподром.

Во текот на денот се очекува МВР да го презентира извештајот пред истражниот судија.

Министерството вршеше надворешно и внатрешно вештачење на возилото, а ќе се прави и дополнително вештачење за техничката исправност на возилото, за што се чека дополнителен налог од од истражниот судија за да се утврди кој ќе го прави тоа вештачење.

„Во однос на суштината и содржината на тоа што е утврдено во вештачењата, прашањата и одговорите ќе мора да ги упатите до истражниот судија кој е единствен надлежен во овој момент да ја води истрагата. Ние завршивме со крим-техничките вештачења и во текот на денов извештаите за кои добивме наредба да ги направиме ќе му бидат презентирани на самиот истражен судија. Потоа зависно од неговите согледувања и сите други информации со кои располага останува да процени кога, дали и во каква форма ќе ја информира јавноста за деталите на овој случај“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

OhridNews
Makfaks