Во текот на имзминатата недела спроведена е дисциплинска постапка против 36 вработени во Министерството за внатрешни работи. Решенијата се донесени против оние полициски служебеници, кои прекршиле дел од членот на Колективниот договор.

Во зависност од прекршоците, на 23 полициските службеници им се изречени парични глоби, на четворица „запирање на постапката“, на шестмина „писмено предупредување“, на двајца мерка “распоредување степен пониско“, додека на еден вработен мерка – “условно откажување на договорот за вработување“.

Дел од нив се казнети поради неквалитетно и ненавремено извршување на поставените задачи, спиење на работно место, постапување спротивно на правилата и прописите на Министерството, односно нарушување на јавниот ред и мир.

OhridNews