Од МВР информираат дека вчера во 12.15 часот во Полициската станица Прилеп, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на ул. „Димо Наредникот“ во Прилеп била пронајдена почината 76-годишна жена со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот 81-годишен сопруг.

За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“  калибар 9 мм, кој со дозвола го поседувал сопругот, потоа една испукана чаура, една празна рамка и една рамка со два куршуми.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле  предадени за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews