Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти.

Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре – Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват.
Идентификацијата на загинатите се уште е во тек.
Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона.
OhridNews
фото. МИА











