Под мотото „Без вода нема живот“, клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, во недела во 12 часот ќе изврши чистење на цврстиот одпад од дното на Охридското Езеро на потегот од градско пристаниште кон месноста Сараиште.

Проектот е целосно финансиран од општина Охрид. За таа цел низ градот ќе бидат дистрибуирани флаери, а исто така, ќе бидат изработени подводни фотографии и видео спот за заштита на Охридското Езеро со музика на охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски, информираат организаторите на акцијата.

Како подготвока направени се повеќе нуркања, снимање и детекција на цврстиот отпад под вода кој ќе биде изваден на во акцијата на 13.05.2018 година. Граѓаните, пак, ќе имаат можност во непосреден разговор со нуркачите да се запознаат со подводниот свет на Охридското Езеро, како и штетите кои човекот ги прави на водата и езерото.

OhridNews