Според единствениот избирачкиот список, во општина Охрид право на глас имаат 54.437 граѓани кои на 5- ти јуни ќе гласаат на 72 избирачки места. Во сабота ќе гласаат болните и изнемоштени лица и лицата во притвор и затвор.

Од Општинската изборна комисија информираат дека во целост се завршени подготвките за одржувањето на превремените парламентарни избори 2011.


Во соработка со подрачната единица на Државната изборна комисија , направени се измени на одредени гласачки места.

Гласачко место 1254, наместо во објектот на ЕВН ќе се гласа во просториите на ЈП Комуналец во градскиот пазар. Гласачкото место 1265, наместо во ЕМО ќе се гласа во објектот на Ремис- Лескајца,  1266 од објектот Слобода сега е пренесено во објектот на Ремис- Лескајца, 1268 наместо во Живинарската фарма, сега е сместено во објектот Градинар на улицата Егејска. Во гласачкото место 1296 наместо во ОУ Велестово ќе се гласа во просториите на месната заедница. 1303 во приватна куќа на Јован Димоски, 1308 наместо во Месната заедница Воска во поранешната Градска аптека -Воска, 1313 наместо во месната заедница Подмолје, во приватна куќа на Митрески Станислав.

OhridNews