Утрово исклучително фреквентно е на граничниот премин Ќафасан на Македонско-албанската граница. Долга колона возила од македонска страна чека за излез од земјата.

Во најголем дел, крајната дестинација на македонските граѓани се морските летувалишта на албанското крајбрежје кое во актуелната криза единствено е достапно за нашите државјани, со оглед дека земјава се уште е на забранетата листата на ЕУ поради високиот број случаи на Ковид 19.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Во Охрид сообраќајот се одвива забавено со мали застои на одредени пофреквентни места поради зголеменото присуство на туристи, а тесните грла ги контролира полицијата.

Потсетување дека од 1 јули на сила е викенд забраната за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид.

OhridNews