На барање на Здружението на угостители “Охридски еснаф”, а заради намалување на последиците од ковид кризата, Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори” донесе одлука за намалување на цената за паркинг во централното градско подрачје во Премиум зоната за периодот до 25 декември.

Со одлуката се утврди и предлог нова цена за наплата во Премиум зоната во строгиот центар на градот, која изнесува како во А зоната, односно 30 денари за 1 час паркинг, информира ЈП “Билјанини Извори”.

ЈП “Билјанини Извори” и во овие тешки моменти за сите вклучувајќи не и нас како претпријатие најде разбирање за проблемите на угостителите и одлучи да излезе во пресрет на нивното барање така што се надеваме дека оваа одлука и соработка ќе придонеси во насока на ублажувањето на негативните ефекти во нивното работење поради Ковид-19. – соопшти јавното претпријатие.

OhridNews