Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинашното 45-то издание на Галичката свадба, што се одржува викендов во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина.

Свадбарските обичаи започнаа вчера, со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ денес го кажаа во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“. Посетителите имаат можност да проследат над 30 обичаи кои што се изведуваат за време на свадбарските денови.

На манифестцијата учество зедоа околу 250 луѓе (статисти облечени во автентични галички носии, претставници на културно-уметнички друштва и други. Манифестацијата „Галичката свадба“, меѓудругото, традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, а покровител на манифестацијата годинава е претседателот на Владата, Зоран Заев.

OhridNews.