17.15 Наќе Чулев, професионалец во Агенцијата за разузнавање, е предлог на опозициската ВМРО ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во Техничката влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори.

Владејачката СДСМ, попладнево соопшти дека го прифаќа предлогот, посочувајќи дека со истиот не се крши уставот, како што беше случај со првичниот предлог на опозицијата и истиот може да оди на гласање во Собранието.

Премиерот Заев најави дека ќе поднесе оставка на 3 јануари, по што ќе се формира Техничка влада на чие чело ќе биде Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи.

OhridNews