Фудбалските сладокусци денеска имаат ретка можност да уживаат во најголемите дерби пресметки на стариот континент. Дербија има многу, ама само неколку од нив се навистина големи. Во еден ден ќе видиме Ел класико, Дербито на Англија и Дерби Италија.
Од 16:15 почнува пресметката во Ла лига помеѓу Барселона и Реал Мадрид. За прв пат без Меси, Роналдо, Рамос…

Двата тима се менуваат, но сепак ќе имаме одличен натпревар. Физички, само се подобруваме. Сè уште не знаеме какви височини можат да достигнат играчи како Ансу Фати или Ги имам истите чувства како во моментите кога на теренот беа Кристијано и Меси. Ова е многу посебен натпревар. Сега тимовите имаат различни играчи, но мислам дека помладата генерација во Барселона е извонредна. Класико ќе постои и без Меси, Кристијано и Рамос, изјави Анчелоти за „Марка“. Винисиус, но знаеме дека Класикото секогаш ќе биде многу голем натпревар.
Секоја чест на Манчестер Сити, Челзи, Арсенал…., ама најголеми клубови во Англија се Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Нивното ривалство трае од далечната 1894 година. Јунајтед има 20 трофеи во Премиер лигата, Ливерпул еден помалку, но затоа има повеќе трофеи во Лигата нашампиони. Роналдо против Салах, Де Хеа против Алисон.

Тоа е големо ривалство поради историјата на двата клуба и бројот на освоени титули. Ова е приказна која постои помеѓу два града и два фудбалски клуба. Ова е ривалство што вреди да се заштити. Ливерпул е многу добар тим. и игра одлично последните четири сезони. Ние направивме одредени чекори, а следниот е повторно да бидеме повисоко на табелата. Минатата сезона е историја. Се надевам дека ќе бидеме подобри оваа сезона, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на Ливерпул во 9. коло од Премиер лигата. Во пресрет на мечот, Ливерпул има 18 бода, Јунајтед 14. Почетокот е закажан за 17:30 часот.

Г. Момироски










