На Граничниот премин „Ќафасан“, вчера, полициски службеници лишиле од слобода 19-годишно лице од Албанија, бидејќи се наоѓал на „стоп листа“, со мерка за задржување.

При преглед во автобусот каде што седел, била пронајдена и марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга за поматамошна постапка.

OhridNews