Локалната самоуправа организира јавен увид и јавна расправа за градежна парцела бр.1 за изградба на стопански комплекс на дел од КП 122,м.в.Сирулска река, КО Вапила Општина Охрид.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина ќе биде изложен во соба бр.  56   Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, во Општина Охрид секој работен ден  од 8  – 16 часот до 14.06.2012год.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 28.05.2012г.  во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во законскиот рок од 30 дена од денот на објавување на информацијата, соопшти Локалната самоуправа.

OhridNews