На скопската Клиника за детски болести, вчера, починало 13-месечно бебе од Свети Николе, поради компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство.

Од министерството информираат дека бебето и претходно имало други здравствени проблеми.

„Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење“, велат од Министерството.

Пред два дена на Клиниката за инфективни болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници кое имало компликација на белите дробови.

OhridNews