Политиката одамна е навлезена во сите сфери на нашето живеење. Потврда на ова е објавувањето на коефициентите во спортската обложувалница „Џокер“ за градончалничката трка во Охрид. Оваа информација што прв ја објави вчера „Ohridnews„ покрај медиумска стана и топ тема во чаршијата.


Пасионираните обложувачи веќе разработуваат „добитни“ комбинации, но најмногу типуваат таканаречените добри познавачи на политичките случувања во градот. Обложувањето започна викендов, а ќе траее се до крајот на изборите. Од спортската обложувалница ни го потврдија интересот за обложување на дадените „парови“, но не сакаа да ни откријат кој е типот на охриѓани. 


На кого типуваат охриѓани!?

Најголеми шанси им се дава на кандидатите на ВМРО  ДПМНЕ и СДСМ , Кирил Трендафилов – Нанче и Александар Петрески 1.80

Трет на листата е Ацо Попоски од НСДП со коефицент 3.50, а зад него е Томе Гиноски од Вмро НП со коефицинет 7.00.

Квотата за победа на Боро Павловски е 10.0 додека најмали шанси му се дава на кандидатот од Нова Демократија Васфи Доко 50.0

Дали ќе има изнендаувања или промена на коефициентите ќе видиме деновиве. Играта се игра само сингл, а за важечки се сметаат конечените резултати од државната изборна комисија.

Ohridnews