Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Охрид, Битола и Маврово, по околу 20 литри на метар квадратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар.

УХМР информира дека најмногу снег, пак, има на Попова Шапка каде што снежната покривка е 51 сантиметар.

Најстудено утрово е во Маврвово нула степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран со осум степени.

OhridNews