УХМР соопшти дека утрово до 8:30 часот најстудено било во Скопје – Петровец и Крива Паланка, седум степени, додека максимални 14 степени се измерени во Битола и Демир Капија.

Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, вкупно седум литри на метар квадратен, велат од УХМР.

Утрово се измерени и осум степени во Берово и Лазарополе, 9 во Куманово, 10 во Тетово и Маврови Анови, 11 во Штип, Струмица, Гевгелија и Претор, 12 во Охрид и Виница, како и 13 во Прилеп и Дојран.

Во Куманово водниот талог е 6 литри на метар квадратен, 4 во Крива Паланка, Претор и Пожаране, 2 во Скопје – Зајчев Рид и Крушево, и еден литар на единица површина во Скопје – Петровец и Виница.

OhridNews