Предворјето на катедралната црква „Св. Софија“ е просторот од каде ќе одекнат чалгиските звуци од Ансамбл Билјана. Годишниот концерт кој ќе одржи по деветти пат е поводот за „муабет“ со дел од членовите на ансамблот. Гости на концертот годинава ќе бидат естрадниот уметник Наум Петрески и градскиот мешан хор „Vox Lychnidos“ од Охрид.

Традицијата за овој концерт започна во 2012 година  како една маалска приредба во чест на шеесет години од формирањето на ансамблот од страна на мојот стрико Кузман Поп- Стефанија и прерасна во ова што е денес“, истакна Јован Поп-Стефанија.

Со Јован Поп-Стефанија, Христијан Томески и Арбен Бајрам разговаравме и за нивната желба и мотив за продолжување на традиционалните музички вредности.

Македонија нема систем да се направи школа за да се едуцираат новите музичари во која што нашето знаење и материјали и од нашиот ансамбл и од други ансамбли, ќе  ги пренесеме. Се надеваме и апелираме да се направи таква школа во која ќе се работи на зачувување на традиционалните вредности, велат од Ансамбл Билјана “

Со Ансамбл Билјана муабетевме за настаните кои го одбележаа ова лето, како и за нивните идни планови.

Кристина Алексиеска