Најновото издание на македонскиот автор Јордан Коцевски „Тегли“, беше повод за гостување во емисијата „На муабет“.

Романот „Тегли“ е освежување во македонската литература, бидејќи обработува редок поджанр – трилер и хорор. „Тегли“ не е само хорор приказна, туку и мистерија која читателот треба да ја открива во себе, ова е приказна за се она што луѓето го чуваат во себе и не го говорат гласно, раскажана преку главниот протагонист во книгата Златко во кој се препознава искреност и хумор.

Коцевски раскажа дека инспирацијата за „Тегли“ ја добива од неговата работа како туристички водич, односно од приказната која му ја раскажува еден патник за грабеж во нејзиниот дом.

Вториот дел од „Тегли“ е пишуван пред 20 години, првиот пред 12 годни, но не беа во таква форма каква што се сега. Половина од романот е напишан од поодамна, а другата половина е напишана во 20 дена, вели Коцевски.

Коцески вели дека токму работата како туристички води му „отвора“ неисцрпно бунарче за ликови.

Toa што е убаво во работата како туристички водич се контактите со многу луѓе и запознавање на многу карактери, така да јас имам едно неисцрпно бунарче за ликови, за црпење кога ќе ми треба одреден стереотип и тоа е предност затоа што кога ќе се пишува за некој лик може да се долови подобро отколку ако се пишува лик којшто не ни е познат, вели Коцевски.

Творечкиот опус на Коцевски досега брои околу 30-тина труда, графичка новела заедно со Дарко Богданов како илустратор со кој издадава една кратка колекција на стрипови која се вика „Мрак, хумор, тишина “ и повеќе кратки стрипови кои се’ уште не се издадени како збирка.

Првата збирка на раскази Коцевски ја објавува во 2001 година „Време за живеење“. Тоа се кратки детективски приказни, а во 2016 од Фондација Македоника го објавуваат делото „Прозорецот“ и истото во февруари се закитува со награда од Фондацијата.  Неговите кратки стрипови, како сценарист, се објавени во повеќе списанија за стрип во земјата и во странство. Тој е главен и одговорен уредник на „(е)Лит“, електронско спи¬сание за книжевност и друга уметност.

Со Коцевски разговаравме и за интересот за македонската литература кај читателите, како и за тоа дека се зголемува и бројот на македонски автори, за што Јордан вели дека му е особено задоволство. Јордан го најави и неговиот следен роман што ќе биде насловен „Заследи ме“, а ќе ја обработува приказната за, како што истакна Јордан, „инфлуенсерки“.

На муабет со Јордан Коцевски

К.А.