Ракометните возбудувања во Македонија се прекинати на неодредено време, информира Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Куќата на ракометот, првично одлука донесе првенствата да бидат во мирување до 27 март, но новите мерки и вондредната состојба од Владата, придонесоа за нова одлука од РФМ односно прекинување на ракометните шампионати.

Ве известуваме дека Раководството на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига, натпреварите од Женската ракометна лига, како и сите натпревари во младинските категории.

Одлуката е донесена согласно препораките од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19 и согласно уредбите од Владата на Република Северна Македонија за пр евенција од вирусот COVID – 19.

Ракометната Федерација на Македонија ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на РФМ. – стои во соопштението од РФМ.

Опции за доигрување на сезоната во нашата земја има многу, но сите посакуваме смирување на ситуацијата, исчезнување на опасниот вирус за повторно да уживаме во ракометната игра.

OhridNews