МНТ Скопје

Од 25.09.2018 - 20:00 до 25.09.2018 - 21:15

Познатиот актер и стендап комичар од Охрид Никола Тодороски, на 25 септември, вторник, ќе гостува во Македонскиот народен театар – МНТ во Скопје со најновото стендап шоу “ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY” – “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“.

Никола најавува 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост.

Никола Тодороски е познат по својот специфичен хумор. Тој покрај во Македонија настапува и пошироко на Балканот и во Европа. Настапувал во еден од светски познатите стендап клубови The Comedy Store во Лондон. Успеа да стигне до полуфиналето на стендап натпреварот The Funniest Person in The World во Хелсинки, заедно со 20 комичари од светски ранг, организиран од стендап клубот The Laugh Factory. Годишно Никола успева да реализира над 150 шоуа во Македонија и пошироко.

Билетите за настапот на Никола во Скопје се во продажба на касата на МНТ по цена од 300 ден.

Шоуто почнува во 20 часот.

OhridNews