На охридскиот аеродрoм денес беше пречекан првиот сезонски лет од Истанбул со авиокомпанијата Turkish Airlines.

Горди сме што нашите партнери од Turkish Airlines повторно го поврзуваат Истанбул со прекрасниот Охрид, продолжувајќи ја оваа значајна линија што носи патници до срцето на едно од најубавите езерски одморалишта во регионот, велат од ТАВ Македонија.

Месецов стартуваа и линиите од Катовице и Вроцлав со Wizz Air, како и од Белград со Air Serbia.

Во текот на летниот распоред на летови, 8 авиокомпании ќе опслужуваат летови до 17 дестинации од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид. Од нив, 14 се редовни и сезонски авиолинии, додека три се чартер-летови

OhridNews

фото. ТАВ