За новогодишните празници преку охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ поминале 623 патници, информираат од Министерството за транспорт и врски. Најголема фрекфенција на аеродромот во Охрид имало на 1-ви јануари кога поминале 345 патници.

За разлика од охридскиот, преку аеродромот во Скопје минале 5.458 патници.

Вкупно  преку двата аеродроми поминал 6.101 патник, што претставува зголемување за 8% во однос на истиот период лани.

OhridNews