По одржаната сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор“ и по прегледувањето на резултатите од писмениот дел (полагање сообраќајни тестови) и практичниот дел (вешто возење велосипед), комисијата ги објави имињата на учесниците кои освоиле најголем број поени на натпреварот. Екипно, првото место го освои основното училиште „Кочо Рацин“. Второто е за ПО „Григор Прличев“, а третото за ОУ „Ванчо Николески“.

Од машките прво место освои Виктор Јованоски, а од женските Мартина Јосифоска.

Датумот на доделувањето на наградите ќе биде дополнително одреден, а екипата на училиштето „Кочо Рацин“ утре заминува на државниот натпревар „Детски семафор“ што ќе се одржи во Скопје.

OhridNews