Македонија денеска ќе потпадне под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, со услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Максималната дневна температура во Охрид денеска ќе достигне до 12 степени Целзиусови, информираат од УХМР.
Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
OhridNews












