Од 17 до 20 јануари Охрид ќе биде домаќин на Меѓународниот саем за туризам кој годинава се одржува вторпат.

Како што ни изјави директорот на Агенцијата за туризам, м-р Зоран Стрезоски, подготовките за оваа туристичка манифестација се во завршна фаза.

Свеченото отварање е закажано на 17-ти јануари во хотелот “Инекс-Горица”. Најавени се 30 излагачи од  нашата дражава и од регионот, но во исто време ќе бидат присутни и странските тур-оператори.Во рамките на саемот ќе се одржи и Форум на темите”Импликација на глобалната финансиска криза врз туризмот”, ” ИППА и ИППАРД фондовите во функција на развој на туризмот” и “Македонија како туристичка дестинација”.

И годинава, во хотелот “Дрим”  ќе се одржи  државниот натпревар по гастрономија. Учесниците на саемот ќе бидат дел од  централната манифестација “Богојавление-Водици”.

Местото на одржување на Меѓународниот саем е спортската сала “Билјанини Извори”.Покровител на манифестацијата е премиерот, Никола Груевски,а  организатори се туристичките комори на Македонија, Балканската  хотелска асоцијација и  Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

Ohridnews