На крстосницата од улицата „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид, патничко возило „опел“ управувано од 34-годишен охриѓанец, вчера удрило во велосипед управуван од 71-годишна жена, при што  велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека по незгодата повредената жена е пренесена во Општа болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews