Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални  услуги за потребите на граѓаните, Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Станува збор специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни.

Како што истакна градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, со нававката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Трајкоски додава дека со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во насока на навремена достапност до нив, достапност до сите места каде што претходно имаше потешкотии да се пристапи.

– Со оваа инвестиција ќе имаме навремено подигање на отпадот и секако подобрување на возниот парк што од една страна ќе овозможи замена на старото и дотраено возило за комунален отпад, кое во изминатиот период создаваше сериозни проблеми во функционирањето на претпријатието во однос на обавување на основната дејност, истакна Градоначалникот Игор Трајкоски.

OhridNews