Советот на Општина Охрид во понеделник во 9 часот , ќе ја одржи четвртата седница. На дневен ред се 53 точки.
На седницата советниците ќе расправаат по предлог-одлуката за усвојување на Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2022 година и за утврдување на фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид за 2022 година. На дневен ред е Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид. Советниците и на оваа седница ќе дискутираат по Предлог- одлуките за утврдување потребата од донесување на урбанистичко- планска документација за легализација на бесправно изградени објекти. На оваа седница се предвидени 22 точки за легализација на објекти.
На оваа седница, советниците ќе одлучуваат за Нацрт- програмите за туризмот, за локален економски развој, за изработка на урбанистички планови на територија на Општина Охрид за 2022-2024 година, за финансиските потреби на територијална противпожарна единица Охрид за 2022 година. Советниците ќе дискутираат по Нацрт-програмата за заштита на животната средина и природата за 2022 година, како и за програмите за спорт и рекреација, за млади и невладини организации. На дневен ред се програмите за активностите и капиталните инвестиции за основно и средно образование образование, како и програмите за детска заштита и капитални инвестиции во оваа област за 2022. На четвртата седница на Советот на Општина Охрид ќе се дискутираат Нацрт-програмата за социјална заштита за 2022, Нацрт-програма за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2022 година, програмата за работа на Советот на Општина Охрид за 2022, Нацрт-програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2022 година, Нацрт-програма за енергетска ефикасност за 2022 година, Нацрт-програма за одржување јавна чистота за 2022 година, Нацрт-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2022 година, Нацрт-програма за јавно осветлување за 2022 година.
Ќе се дискутираат и Нацрт-програмите за одржување и заштита и изградба на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2022 година, за комунални услуги, за изградба на системи за водоснабдување како и програмите за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води. Советниците ќе ги разгледуваат и нацрт-програмите за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година, за уредување на градежно земјиште.
OhridNews













