Советниците во Советот на Општина Охрид на седница која е закажана за 4 декември во 9 часот во општинската зграда ќе расправаат по 46 точки кои се на дневен ред.

Советниците ќе гласаат и за Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2027 година, како и за нацрт развојните програми за период 2027-2029 за детската заштита, основно и средното образование, култура, урбанистички планови, уредување на градежно земјиште.
На Дневен ред се и експропријација на градежно земјиште, урбанистички проекти, како и повеќе предлог-одлуки за утврдување потреба од вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко-планска документација.
OhridNews











