1762 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување на РСМ заклучно со мај годинава. Од нив, 836 се жени, а 926 мажи.

Статистиката, заклучно со месец април 2026, покажува дека од невработените основно образование или без образование се 534 пријавени лица, со средно образование 555, додека 332 лица се невработени со средно стручно образование. Со вишо образование евидентирани се 33 лица, со високо 237, како и 32 магистри на науки и 1 доктор на науки.
Во однос на возраста 350 лице се на возраст над 60 години, 264 се на возраст од 55 до 59 години, 217 на возраст од 50 до 54, 183 од 45 до 49, 194 од 40 до 44, 162 од 35 до 39 години…
Во моментов на електронскиот систем при Агенцијата за вработување во Охрид има 345 слободни работни места.
Н.С.Ј.









