3264 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување заклучно со 31 Октомври годинава.
Од нив, 1579 се жени, а 1685 мажи. 764 лица се регистрирани за невработени во селата во охридската околина, додека 2500 од невработените се со место на живеење во градот Охрид. Статистиката покажува дека најмногу од невработените имале завршено основно образование или се без образование или 1147 пријавени лица во Агенцијата за вработување, 936 лица се невработени со средно образование, а вработување со високо образование чекаат 410 граѓани, како и 31 магистер на науки. Вработување над осум години во Охрид, чекаат 339 лица.
Според податоците, повеќе невработени има во Струга, односно 3645 невработени од кои 1803 жени, а 1842 мажи. Повеќе невработени се во струшките села или вкупно 2266, а невработени лица со место на живеење во градот Струга се 1379.
Во Струга вработување над осум години чекаат 308 лица. Од вкупно вработените лица без образование или со основно образование се 2051 лице, со средно образование 851 лице, со високо образование 311 и 27 магистри на науки чекаат вработување.
Според најновите податоци од државниот завод за статистика, слободни работни места во југозападниот регион се 334 работни места, во моментов на електронскиот систем при Агенцијата за вработување за Охрид активни се 62 огласи за вработување, а за Струга има 23 активни огласи.
К.А.












