На тема „Семејно насилство и насилство врз жените”, во организација на Општина Охрид, вчера, се одржа трибина на која се разговараше за семејното насилство како социолошки и општествен проблем. 

-Семејното насилство е манифестација на историската нерамноправност во дистрибуцијата на моќта меѓу мажите и жените и главен механизам за одржување на нерамноправноста на половите. Таа истакна дека во соработка со институциите кои ја третираат оваа проблематика општина Охрид ќе се залага за преземање мерки за намалување на оваа појава на територијата на општината како и мерки за згрижување на жртвите од семејно насилство. – рече претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.

Претставниците од Центарот за социјални работи истакнаа дека во 2017 година се забележани 206 пријави за семејно насилство. Оваа бројка укажува на се поразвиена свест на жртвата да го пријави насилството, истакнаа социјалните работници.

Претставникот од Одделот за превенција при СВР Охрид Миле Јаковчески посочи дека во голем број на случаи жртвата не се осудува да го пријави насилството или се откажува во текот на постапката.

Советничката Рената Арнаудова ги запозна присутните со планираните активности во Програмата за унапредување на родовата еднаквост, а претставниците на ЖЦ Бисера ги споделија искуствата кои ги имале во преземање активности во врска со оваа проблематика, а пратеничката Жаклина Лазареска ја презентираше Истанбулската декларација.

На трибината беше заклучено дека е неопходно да се отворат шелтер центри за згрижување на жртвите од семејно насилство.

ОhridNews