Рафаел Надал, не успеа во обидот по седум месечната пауза, на тениските терени да се врати со титула.

На турнирот од серијата 250, во чилеанскиот Виља дел Мар, Надал во
финалето загуби од Аргентинецот Орасио Себалос со 7:6, 7:6, 6:4.Мечот во
кој Себалос ја освои својата прва АТП титула траеше два часа и 47
минути.

Надал не успеа да ја освои ниту титулата во игра на двојки, во тандем со
Аргентинецот Хуан Монако, тој загуби од италијанската комбинација Паоло
Лоренци и Потито Стараче со 6:2, 6:4.

Шпанецот во следниот период го има пријавено своето учество на турнирите во Сао Паоло и Акапулко.

“Макфакс“