Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на најдобар можен начин се пласираше во 1/2 финалето на Индијан велс турнирот победувајќи го со 2-0 сетови (6-4, 6-2) Рожер Федерер.

Надал на теренот не му остави простор на Федерер да ја спроведе својата “тивка“ игра. Напротив Шпанецот, почна агресивно за што Федерер немаше одговор.

Рекетотот број еден Новак Ѓоковиќ во 1/4 финалето ќе се сретне со Цонга додека Мареј против Потро.

Мх.П.