Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа да обезбеди пласман во финалето на мастерс турнирот во Монтреал победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 2-1 во 1/2 финалната средба.

По враќањето од повредата за Надал ова е втор триумф над Србинот. Првиот популарниот „Рафа“ го забележа во финалето на Роланд Гарос.

Во финалето од мастерс турнирот во Монтреал, Надал ќе се сретне со Милош Раониќ.