Аргентинецот Дел Потро одлично го започна мечот, ја контролираше играта и му припадна првиот сет со 6-3. Во истиот ритам продолжи Дел Потро и во вториот сет кога водеше со 3-1. Но тогаш се разбуди Надал и со “брејк“ се врати во игра, а потоа следуваше серија на Шпанецот и го изедначи резултатот на 1-1 во сетови.
Во последниот сет психолошката предност беше на страната од Надал, се му одеше од рака и во десеттиот гем на негов сервис го освои шестиот гем, што значеше трофеј на Индијан Велс турнирот.
– Честитки за Рафаел Надал, кој ја заслужи победата и трофејот на овој турнир. Одигравме доста интересно финале и многу ми е мило што имаме заеднички кам бек во тенисот со мојот противник во финалето – рече Дел Потро.
– Последните месеци беа тешки за мене, сите мои блски пријатели знаат како ми беше кога неиграв тенис. Во кариерата освојував многу трофеи, но овој на Индијан Велс ми некако најемоционален – посочи Надал.
Повредата на колената од Рафаел Надал се минато и тој со сигурност ќе атакува на гренд слем турнирите оваа година.