Надал во Мексико ја освои 52-та титула во кариерата, 38-ма на земјена подлога, а против Ферер во меѓусебните дуели води со 17-4.
Надал кој по седуммесечната пауза се врати на терените, на својот трет турнир ја освои втората титула.
Шпанецот најави дека ќе учествува на Мастерс турнирот во Индијан Велс кој започнува следната недела.