Младиот талентиран, музички едуциран, охриѓанец, вљубник во виолината, Бајрам Рамаданоски ја објави првата авторска песна под наслов „Надеж за нас“.

Во план е и видео запис кој летово ќе се снима за мојата прва авторска песна „Надеж за нас“. Исто така, во подготовка се уште две песни, кои исто така ќе бидат комплетно мои авторски, вели Рамаданоски.

Љубовта, вели, кон виолината се раѓа уште на петгодишна возраст и истата се негува и ден денес. Дополнително, традицијата ја продлжува од неговиот татко познатиот виолинист Џевад Рамаданоски.

По завршување на основното училиште во ОМУ „Методи Патче“ отсек виолина, го продолжив образованието во средното училиште во Битола. Сега сум веќе втора година студент на УКИМ на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек виолина, во класата на проф. Михајло Куфојанакис, вели Рамаданоски.

Пред да го започни средното образование свирел во европски оркестар со кои имале настапи во Италија, Словенија, Србија, каде се здобиле со големо искуство бидејќи работеле со познати диригенти, а свиреле и со Ерос Рамазоти, кој бил гостин на еден од концертите.

Рамаданоски учествувал на многу државни и меѓународни натпревари, а со група „Чардак“ првап свирел во 2016 година на еден проект, потоа и на нивниот 25 годишен јубилеј, а сега и во музичката емисијата „Имат немат“.

Песната е објавена на неговиот you tube канал.

Н.С.Ј