Македонската репрезентација до 17 години со лесна, рутинирана игра ја совлада соодветната репрезентација на Албанија со 2-0. Стрелци на погодоците беа Аврамоски и Велкоски во вториот дел од натпреварот.


Избраниците на Петрески натпреварот го започнаа доста ангажирано на теренот наметнувајќи брзо темпо на игра. Првата прилика за погодок ја имаше Аврамоски, кој биеше во добро поставениот Ѓоникај. Двојната комбинација на Бабунски и Златанов не ја искористи Аврамоски шутирајќи покрај голот.

Десетка во македонската репрезентација Аврамоски, во третиот обид успеа да го матира расположениот голман на Албанија по додавање на Имери.

По прекршокот над Зибери, истиот нафрли топката ја прелета комплетната одбрана на Албанија, Велковски непречен од никого ја смести за 2-0.

Во финишот на натпреварот победата можеше да биде изразена со поголема разлика но Крстаноски односно Мустафа не ги искористија шансите.

Мх.П.