Надлежните институции ќе распраавт за актуелните случувања во Трпејца
25.05.12 11:05
Актуелната безбедносна состојба во селото Трпејца, е темата на состанокот, што Секторот за внатрешни работи Охрид го организира со советодавната група граѓани од Трпејца.
На средбата што ќе се одржи денеска во локалната самоуправа во Охрид, претставници на месната заедница Трпејца, по чие барање, СВР Охрид, го организира состанокот, ќе се осврнат на одредени актуелности, поврзани со неодамнешните случувања за дел од езерското крајбрежје во оваа населба.
Средбата со советодавната група граѓани од Трпејца, ќе биде искористена за дискусија и договарање мерки за градење доверба, избегнување на можни нарушувања на јавниот ред и мир, како и легално решавање на настанатиот проблем.
На средбата со советодавната група, покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат претставници од месната заедница од Трпејца, од компанијата „Ивире“, Секторот за урбанизам и надлежни инспекциски служби од општина Охрид, претставник на јавното правобранителство, на националниот парк „Галичица“ како и, претставници на мисијата на ОБСЕ во Охрид.
Вчера во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од 57-годишно ли...
Системот за безбедност во сообраќајот „Safe city“ на територијата на СВР Охрид која ги опфаќа општините Кичево, Дебрца, Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Охрид стапува целосно во функција на 12 окто...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер Максималната темпера...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.